Актерката Симона Спировска и пијанистот Дино Имери вечерва во 20 часот во Културно-информативниот центар во Скопје ќе го изведат перформансот посветен на Блаже Конески. Поетското читање е под наслов „Блаже Конески – Проста и строга македонска песна, 100 години од раѓањето на великанот“, а во рамки на прославата за 30 години независност на Македонија.

Годинава се одбележуваат 100 години од раѓањето на Блаже Конески, а со овој проект Спировска и Имери посетија неколку градови во земјава.

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.