21 доктор на наука беа промовирани вечера на настан во ректоратот при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Тие се од областа на општествените науки, медицинските науки и здравството и природно-математичките науки.
Ректорката проф. д-р Биљана Ангелова ги промовираше докторите на наука што одбраниле докторски дисертации на Економскиот факултет, Правниот факултет „Јустинијан Први“, Медицинскиот факултет, Стоматолошкиот факултет и Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Во доктори на наука беа промовирани следните кандидати:
Мите Митевски, доктор по организациски науки и управување (менаџмент)
Mилица Mилошеска Гавровска, доктор по економски науки
Љубе Јолевски, доктор по економски науки
Тихона Божиновска, доктор по организациски науки и управување (менаџмент)
Aндријана Ристовска, доктор по организациски науки и управување (менаџмент)
Мелани Новаковска, доктор на општествени науки од областа комуниколошки науки
Вероника Рашковска, доктор на правни науки по право и информатичка технологија
Ана Крстиновска, доктор на политички науки од областа на меѓународни односи
Анѓелка Јанкуловска, доктор на науки по јавно здравство
Љубица Миќуновиќ Деребанова, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на анестезиологијата со интензивното лекување
Саветка Паљошковска Јорданова, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на кардиологијата
Маја Бојаџиоска, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на ревматологијата
Весна Мицевска, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на педијатријата
Славица Ѓоргиевска Јовановска, доктор на стоматолошки науки – орална медицина и пародонтологија
Марија Андоновска, доктор на стоматошки науки – дентална патологија
Санела Идоска, доктор на стоматолошки науки – максилофацијална хирургија
Моника Стојановска Пецова, доктор по хемиски науки
Елена Лазаревска Тодевска, доктор по хемиски науки
Елена Вчкова Бебековска, доктор по физички науки
Емин Дурмиши, доктор на математички науки
Владимир Златаноски, доктор на географски науки





