Промоција на „Живот на коцка“ од Џаро во хотел „Парк“

Биографијата на неповторливиот менаџер Велибор Џаровски-Џаро ќе биде промовирана вечерва во 19 часот во ресторанот на хотелот „Парк“ во Скопје. Книгата, чиј автор е Милица Џаровска, без заддршка го открива начинот на кој тој стана урбана легенда. Промотор ќе биде Игор Џамбазов.

– Нема човек кој не чул за Џаро и за неговиот бурен живот. Но овој пат ги слушаме сите вистини, без премолчување на многуте згоди и незгоди за кои можеме да читаме во неговата биографија, која ја напиша Милица Џаровска. Станува збор за несекојдневна промоција што несомнено ќе ви остави впечаток, голем како оној што Џаро го остави врз своето време – велат организаторите.

Сподели