Промоција на „Теофил Коњокрадица“ од Милош Стаменковиќ

Во Центарот за култура Трајко Прокопиев“ во Куманово, вечерва во 20 часот ќе се одржи промоција на книгата „Теофил Коњокрадица“ од Милош Стаменковиќ. Утревечер во 19 часот промоцијата е закажана во кафе-книжарница „Буква во Скопје.

Стаменковиќ (1975 г.) е роден во Куманово. Дипломирал на Факултетот за меѓународен менаџмент во Белград. Досега има објавено две книги: „Трета светска војна и новиот поредок“ (2002) во која пишува за геополитиката и светските настани засновани на финансиите и религијата, конфликтот меѓу Западот и исламот за создавање нов финансиски систем и изгради Соломоновиот храм. Во 2019 година го објавил романот „Мртвите и лимената гуска“, модерен роман за библиското учење. Колумнист е на весникот „Слободен печат, магазинот „Капитал и Куманово њуз.

Сподели