„Од игра до претстава – театарски практикум“ е насловот на публикацијата од Игор Ивковиќ и Афродита Кирјаковска која денеска во 12 часот ќе биде промовирана во Младинскиот центар „Матично“. Ова е првиот театарски практикум во земјава, наменет за деца од предучилишна и училишна возраст, за нивните обучувачи, наставници, едукатори, но и за сите оние кои сакаат низ креативните театарски игри да ги откриваат тајните на сценската уметност. Изданието ќе го промовираат: Снежана Коневска-Руси, актерка, режисерка, пантомимичар и театарски едукатор и Милка Тримчевска, наставник по македонски јазик со децениска педагошка и едукативна пракса.

– Во практикумот се поместени стотина практични театарски игри, поделени во осум тематски целини, со чија примена се поттикнува креативноста, личните емоционални, интелектуални и социјални компетенции кај децата и младите. Сите овие игри се практикувани во десетгодишната континуирана едукативна пракса на Здружението за културно – уметничка едукација „Од игра до претстава“ – велат организаторите.

Настанот ќе се одржи според важечките протоколи за заштита од ковид-19.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.