Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вечерва во 20 часот ќе се одржи промоција на збирката поезија „Дождови“ од Сузана Божиновска. Промотор на збирката е Христина Алексовска, музички гостин Ерди Шахини, а водителка е Ана Љубиќ.

Божиновска е родена во Куманово, каде и денес работи и живее. Нејзината поезијата изобилува од експресивни поетски слики со одмерено нијансиран дискурс. На еден суптилен, префинет па на моменти и нежен начин капките дожд паѓаат по „Надеж“, „Чекање“, „Прашање“, „Виножито“.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.