Промоција на „Словенски ракописи од Македонија…“ од академик Ѓорѓи Поп Атанасов

Во Куќата на Уранија во Охрид вечерва во 20 часот ќе се одржи промоција на научниот труд „Словенски ракописи од Македонија во странски ракописни збирки 10-19 век“ од академик Ѓорѓи Поп Атанасов, издание на Македонската академија на науките и уметностите. Во книгите има археографски опис на 814 ракописи настанати од 10 до 19 век, кои на почетокот се пишувани со глаголско писмо, а потоа со кирилично писмо. Првиот том е опис на ракописите, а вториот том е палеографски албум со факсимили скоро од сите ракописи. Промотор ќе биде Лилјана Макаријоска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, дописен член на МАНУ.

Сподели