Промоција на „Симултан бакнеж“ – нов албум на „Фолтин“

„Симултан бакнеж“ е новиот албум на групата Фолтин, што ќе биде промовирана денеска на пладне во Младинскиот културен центар во Скопје. Албумот се состои од четири песни, снимени во студиото „Алшар“ од Скопје во декември 2020 година.

Фотографијата и дизајнот на омотот се креација на Ѓорче Ставревски. Изданието ќе биде промовирано со спот за една од песните „Кој може да расипе еден ваков ден“, во режија на Милена Виитман. Директор на фотографија е Мишел Ривас, а актери се Рио Раш и Ниша Вирмани. Видеозаписот е снимен во Берлин.

Издавач на албумот е ОХО Продукција, продуцент е Пеце Талески, а извршен продуцент е Илија Тирицовски. Продуцент на видеозаписот е Талески, а како извршни продуценти се јавуваат Милена Виитман и Тирицовски.

Сподели