Промоција на „Разноверци: Меѓурелигискиот соживот на село во Западна Македонија“

Промоција на книгата „Разноверци: Меѓурелигискиот соживот на село во Западна Македонија“ од Марчин Лубаш ќе се одржи денеска во 12 часот на Институтот за етнологија и антропологија, при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Книгата, студија од областа на социокултурната антропологија, ќе ја промовира проф. д-р Розита Димова од Одделението за славистички и источноевропски студии, Универзитет во Гент, Белгија.

Настанот ќе има хибриден формат. Покрај физичко присуство, заинтересираните ќе имаат можност да присуствуваат и преку Microsoft Teams на линкот.

Сподели