Промоција на „Простори на љубовта“ од Сузи Тенева

Промоција на книгата „Простори на љубовта“ од поетесата Сузи Тенева ќе се одржи вечерва во 19 часот во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ од Скопје. Делото ќе го промовира проф. д-р Лидија Дракулевска-Капушевска, а стихови ќе интерпретира актерот Ѓорѓи Јолевски.

– Песните во поетската книга на Тенева прозвучуваат како филозофски сентенции, на моменти како афоризми, сосема во духот и определбата на авторката – пишува во рецензијата Дракулевска-Капушевска.

Сподели