Промоција на поетската книга „Сончевина“ на Марина Цветковска Станковска

Во Градскиoт музеј Крива Паланка вечерва во 18 часот ќе се одржи промоција на поетската книга „Сончевина“ од поетесата Марина Цветковска Станковска. Иако таа е долго присутна на поетската сцена во Крива Паланка и во земјата со своето творештво, ова е нејзина прва поетска стихозбирка.

Песните се инспирирани од љубовта во сите димензии, тагата, надежта, радоста, од животот, а Цветковска Станковска во стихозбирката говори преку своето поетско јас, односно во прво лице. Промотор на ова поетско дело е Оливера Станковска, поетеса и креативен уметник од Крива Паланка.

Марина Цветковска Станковска е долгогодишен член на Литературниот клуб „Калин“ при НУ Центар за култура Крива Паланка. Учествувала на многу литературни средби и литературни конкурси, а незината поезија е застапена во поетски збирки и алманаси. Воедно е и креативна уметница и создава дела на огледало кои ќе бидат застапени на промоцијата.

Настанот се реализира во рамките на богатата програма на манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата“.

Сподели