Промоција на поетската книга „Една ноќ“ на Кристина Краличин

Поетската збирка „Една ноќ“ од Кристина Краличин ќе биде промовирана денеска во 18 часот во промо-центарот на штандот на „Чудна шума“, во рамките на Саемот на книгата. За втората поетска книга на Краличин ќе зборува проф. д-р Ермис Лафазановски. Веднаш по промоцијата ќе следува потпишување и дружење со авторката Кристина Краличин на штандот на „Чудна шума“.

Веднаш потоа ќе следува дружба со пиетсетата Д.А. Лори и нејзината книга „Сега ти стануваш јас“.

Во 17 часот е закажано потпишување и дружење со авторката на книгата за деца „Забранетата соба“ на авторката Александра Симова Клинчарова и илустраторот Хари Дудески.

На саемот на книга, што трае до 24 април, издаваштвата „Чудна шума“ и „ИД-Концепт“ се претставуваат со многу промоции, креативни работилници, разновицни активности за деца, млади и возрасни.

На саемот на книга ќе бидат претставени и изданијата од проектот на „Чудна шума“ наменет за млади читатели „Млади европски приказни – YES“, кој под мотото „Кажи YES за добра книга“ промовира квалитетни изданија за деца и млади од реномирани и наградувани европски автори.

Проектот е ко-финансиран од програмата Креативна Европа“ на Европската Унија.
Во рамки на проектот досега се преведени книгите: „Каде е мојот дом?“ од Сезен Аксу Ташјурек (превод од турски Васко Марковски), „Овде, во близина, живее едно девојче“ од Ида Млакар Чрнич и Петер Шкерл (превод од словенечки Дарко Спасов), „Мојата бабичка не знае која сум“ од Ива Безиновиќ-Хејдон и Хана Тинтор (превод од хрватски Калиопа Петрушевска), „Куќа без огледала“ од Мортен Санден (превод од шведски Родна Русковска), „Беззборовната Ела“ од Викторија Патрашку и Кристијана Раду (превод од романски Лидија Димковска) и „Деветтиот живот на принцот на мачките“ од Дора Гимеши и Каталин Сегеди (превод од унгарски Златко Панзов).

Сподели