Промоција на новиот роман „Бела сама“ од Виолета Танчева Златева

Книгата „Бела сама“ од Виолета Танчева Златева ќе биде промовирана на 13 февруари во 19.19 часот во Салон Империјал 2 во Културно-информативниот центар во Скопје. Промотор ќе биде Ана Јовковска. Во издание на ТРИ, овој роман е суштинско навлегување во темите на мајчинството, женскиот принцип и трагичните околности во животот.

– Повелете да ѝ посакаме официјално добредојде на оваа книга, која е вистинско обележје на македонскиот современ роман. Навраќање кон човечките вредности, а едновремено и чекор напред кон излегување од патријархалноста и стереотипите. Да ги овековечиме безвременските вредности на квалитетната македонска книжевна сцена – велат од ТРИ.

Сподели