Промоцијата на монографијата „1/4 век на Интернационален фестивал на монодрамата, Битола“ ќе се одржи денеска 12 часот во малата сала на битолскиот Центар за култура. Автори на делото се Сашо Димоски и драматургот Билјана Крајчевска. Тие на 161 страници претставуваат материјал од изминатите 25 години – добитници на Гран при, наградени, впечатливи монодрами, гости и други значајни лица кои придонеле за организацијата на фестивалот.

Насловна фотографија: Сцена од монодрамата „Кармен“ (архива)





