Промоција на „Молитвени дискурси“ на Андреј Медиќ Лазаревски

Во кафе-книжарницата „Буква” вечерва во 20 часот ќе се одржи промоцијата на стихозбирката „Молитвени дискурси” на Андреј Медиќ Лазаревски. Ова е втора стихозбирка на авторот, поговорот е на проф. Весна Томовска, а издавач е „ПНВ Публикации“.

Промоцијата е во организација на неформалното младинско здружение за култура „Култура ẞ”. Модератор на истата ќе биде Софија Тодороска, осврт кон збирката ќе даде Пепи Стамков, свое обраќање ќе има и Јулијана Величковска. Поезија ќе читаат: Ана Голејшка Џикова, Калина Качоровска и Ивана Јовановска.

Сподели