Поетското творештво на поетесата Сузана Сојтари Авдовиќ ќе биде промовирно денеска во 15 часот во Медијатеката на библиотеката „Гоце Делчев“ во Велес. Сузана Сојтари Авдовиќ е истакната горанска поетеса, чии зборови одекнуваат низ планините, долините и шумите. Таа е еден од столбовите-чувари на горанското културно богатство, која го чува наследството на генерациите и им овозможува да ја истражуваат минатото, да ја разберат сегашноста и да ја обликуваат иднината. Сузана е повеќе од поетеса; таа е чувар на соништата, чувар на зборот, чувар на сè што нè прави луѓе.
Книжевното творештво на Сузана е мост меѓу минатото и сегашноста, меѓу традицијата и современоста. Нејзините зборови се како стари патеки што минуваат низ шумите и планините и го осветлуваат културното богатство, обичаите и традициите.
Во нејзините песни оживуваат легенди и митови, приказни за херои и хероини, за секојдневниот живот на луѓето кои низ вековите го обликувале горанскиот крај и горанскиот идентитет. Таа го користи својот дар за да ја пренесе мудроста на предците, да ги оживее спомените на старите обичаи, песни и игри кои отсекогаш биле сржта на горанскиот живот.





