Промоција на книгата „Последниот разговор меѓу Дафинка и Дафинка“ на Мимоза Ристова

Книгата раскази „Последниот разговор меѓу Дафинка и Дафинка“ на авторката Мимоза Ристова ќе биде промовирана вечерва во 19 часот во барот Mr Jack во Скопје. За книгата ќе зборува проф. д-р Маја Бојаџиевска, модератор ќе биде Билјана Георгиевска, а извадоци ќе чита актерката Тина Трпкоска.

Книгата на проф. д-р Мимоза Ристова е во издание на „Просветно дело“. Ристова е авторка на неколку романи и драми. Нејзин последен роман е „Варшавската срна“, во издание на „Арс ламина“, објавено во 2023 година. 

Сподели