Во Музејот на македонската борба денеска во 12 часот ќе се одржи промоција на книгата „Незаборав кога прстите пеат“ од Кирил Тодевски и Марија Велковска. Тодевски, етномузиколог и поранешен уредник на редакцијата за народна музика во Македонското радио и Велковска, уредник во музичката редакција, во делото застапуваат 17 починати великани, инструменталисти и автори на орски и песнопојнин творби, чии изведби и авторски изрази имаат трајни вредности.

Книгата ќе ја промовираат д-р. Горанчо Ангелов, професор по традиционални инструменти на Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Сашо Ливрински, професор по музичко образование во скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“. Промоцијата се одржува во рамките на манифестацијата „Есенски музички свечености“.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.