Промоција на „Горка кнедла“ од Валентина Ѓоргиевска-Парго

„Горка кнедла“ е насловот на книгата од Валентина Ѓоргиевска-Парго која денеска во 13 часот ќе биде промовирана во „Јавна соба“ во Скопје. Книгата е издание на „Новинари за човекови права“ (Journalists for human rights) и се фокусира на проблемите на жените- жртви на насилство од секаков тип.

– Книгата содржи изјави, признанија, реални приказни, случувања, моменти, ситуации на бројни жени од земјава и пошироко. Работена е во изминатите шест години и зборува за проблемите со кои се соочува жената денес. Колку се тие присутни сведочат бројните соговорнички од разни возрасти кои анонимен, но корисен начин ги споделуваат своите тешкотии со пошироката јавност – велат организаторите на промоцијата.

Издавач на книгата е Филип Спировски, претседател на НЧП. Дизајнот на корицата е на средношколката Николина Таневска од Скопје.

Сподели