Во Археолошкиот музеј на Македонија денеска во 13 часот ќе се одржи промоција на каталог за изложбата „Херојското доба на Хистрите“. Со тоа воедно ќе биде затворена изложбата чија авторка е проф. д-р Мартина Блечиќ Кавур од Универзитетот на Приморска, Копер, Словенија.
Изложбата ја претстави приказната за Хистрите кои живееле на истоимениот полуостров во текот на целиот прв милениум пред новата ера и преку нивната материјална култура може да се види нивната интеграција во комуникациската и трговска мрежа со другите соседни региони и заедници кои во тоа време живееле на брегот на Јадранот и во регионот по реката Дунав.
Изложбата беше резултат на соработката на Археолошкиот музеј во Скопје и Археолошкиот музеј на Истра, Пула.