Стихозбирката „Испланиран немир“ од авторот Методи Бојаџиски ќе биде промовирана вечерва во 19 часот во Галерија 22 во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип. Делото ќе го промовира Трајче Кацаров.
Извадоци од книгата ќе читаат учениците од СОУ „Славчо Стојменски” – Искра Постолова, Корнелија Заркова, Софија Црвенковска и Бојана Варадинова. Нивен ментор е професорката Марјана Василева.





