Промоција на „Господ, па Америка“ од Румена Бужаровска

Промоција на збирката есеи „Господ, па Америка“ од Румена Бужаровска ќе се одржи вечерва во 19.30 часпт во „Јавна соба“ во Скопје. Книгата е издание на ТРИ, а ќе ја промовира Ивор Мицковски.

– Настанот ќе нè доближи до суштината на овие есеи што се своевидно разголување на ставовите, чувствата, спомените и размислувањата на авторката. Имате целосно право да бидете нетрпеливи да навлезете во книгата со која ќе се чувствувате како да сте пред филмско платно. „Го поминав истиот пат како авторката на патописите и не ми беше толку интересно како што ми беше читањето на оваа книга“, вели Срѓан Драгојевиќ. „Или сум јас глуп, или книгата е многу добра“ – велат организаторите.

Бужаровска е родена во 1981 година во Скопје. Предава американска литература на Филолошкиот факултет во Скопје и се занимава со книжевен превод. Авторка е на студија за хуморот во книжевноста „За смешното: теориите на хуморот низ призмата на расказот“, (Блесок, 2012), како и две збирки раскази: Чкртки (Или-или, 2007) и Осмица (Блесок, 2010). Во 2016 година беше избрана за еден од најинтересните писатели во Европа во рамките на платформата „Литерари Јуроп лајв“ (Literary Europe Live), добитничка е на годишната награда за литература на Истра, Хрватска, „Едо Будиша“, во 2022 „Мојот маж“ беше преведена на француски јазик и издадена кај еден од најголемите и најпознатите светски издавачи „Галимар“, а за истата книга преводот на германски јазик беше книга на неделата во Германија на угледниот неделник „Шпигел“.

Сподели