КСП Подиум Јадро од Кавадарци организира разговор со Сашко Илов – Дете, вечерва во 19 часот, со што ќе ја промовира првата фотокнига за паганскиот ритуал Џоломари. Разговорот ќе биде прикажан на јутуб-канал и на фејсбук-страница на Подиум Јадро.
Во селото Бегниште, над 400 години постои паганскиот ритуал „Џоломари“. Секоја година, на 14 јануари, група мажи се собираат со маски и го брани се од вештерки и демони. Автори на книгата, покрај Сашко Илов се и Цветанка Илова Темкова – Цеци и Гоце Давидов.

Повеќе за изданието, читајте на следниот линк.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.