Промоција на „Филмски песни“ од Дејан Трајкоски

Промоција на поетската книга „Филмски песни“ од Дејан Трајкоски ќе се одржи вечерва во 20 часот во фоајето на Младинскиот културен центар во Скопје. Книгата е издание на „Бата прес“. За делото ќе разговараат Гоце Смилевски и авторот, а песни ќе изведат Пијан Славеј и Гоце Јованоски.

Писателот Смилевски за книгата вели:
– Во поезијата на Трајкоски сведоци сме за едно суптилно чувство за детаљот. И имаме впечаток сличен на оној како кога камерата, во остварувањата на одредени синеасти се приближува до одреден објект не само за да ни го направи она што го снима повидливо и повпечатливо, туку и создавајќи едно скоро хипнотичко дејство, или поскоро – трансцендентално чувство на понирање на набљудувачот не само во визуелната димензија, туку и во суштината на она што се набљудува: како да нѐ води некаде отаде видливото – вели Смилевски.