Промоција на Етнолошки и антрополошки лексикон на Македонија

На Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денеска во 11 часот ќе биде промовирано капиталното издание „Етнолошки и антрополошки лексикон на Македонија: Личности и дела“. Публикацијата е резултат на повеќегодишен истражувачки напор започнат во 2022 година на Институтот за етнологија и антропологија. Лексиконот содржи околу 150 единици на повеќе од 750 страници што ги опфаќаат биографиите и делата на домашни и на странски етнолози и антрополози што оставиле белег во развојот на дисциплините. Промотори на делото се проф. д-р Лилјана Макаријовска, дописен член на МАНУ и м-р Елизабета Конеска, кустос-советник. Промоцијата ќе ја отвори ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Биљана Ангелова.

Повеќе информации на линкот.

Сподели