Промоција на збирката есеи од историчарот Васко Гичевски

Во Хотелот „Театар Битола“ утре во 11 часот ќе се одржи промоција на книгата „Современото македонско општество и воспитно-образовниот систем“ од историчарот Васко Гичевски. Промотори на книгата се бидат Ивана Атанасовска, младински активист и Пеце Трифуновски, филозоф и просветен работник.

Книгата содржи есеи кои ги опфаќаат актуелните проблеми што секојдневно нè мачат.

– Таа е плод на моето непомирување со реалноста и моето неприфаќање на исказот дека „ова е најдоброто време за живеење“. Ниту ова време е најдобро, ниту пак е достојно за живеење на човечки живот! Писанијата во книгата се само еден обид да се даде едно поинакво гледиште на нештата, еден дискурс на свежа мисла која што се надевам дека ќе предизвика поттик за промени кај читателите – вели Гичевски.

Сподели