Промоција на „Ехо на споделеното лудило“ од Благоја Стојков

Во книжарницата „Антолог“ во Центар, вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на „Ехо на споделеното лудило“ од Благоја Стојков, издание на „Антолог“. Промотор ќе биде Алек Василевски, а модератор е Билјана Велкова.

Благоја Стојков (2003, Кочани), живее на релација Зрновци-Скопје. Студент е во Скопје. Автор е на четири книги – „Гонејќи дух“, „Двете ѕвезди“, „Пеколен меден месец“ и „Ехо на споделеното лудило“. Своето слободно време го исполнува со: уметност, книжевност, филм, музика, филозофија, психологија, патувања.

Сподели