Книгата „Дијалози за слободата“ од Љупчо Јолевски ќе биде промовирана вечерва во 19 часот во галеријата „Метаноја“ во Скопје. Четириесеттина разговори со исто толку современи македонски визуелни уметници работени во периодот пред, за време и по пандемијата, се поместени во книгата, издание на „Метаноја“ од Скопје.
Промоцијата на „Дијалози за слободата“ ќе се одвива во амбиент на изложените дела од поставката „Лица“ на Здружението за култура „Транзен“ и на домашната ликовна публика по прв пат заедно ќе ù ја дари изложбата „Живот за уметноста“ на Александар и Ивана Настески.
Рецензенти се Маја Чанкуловска Михајловска и Никола Пијанманов. Дизајнот на корицата е на Лазе Трипков.





