Бугарското издание на книгата „Човечулец“ на Александар Прокопиев ќе биде промовирано вечерва во 18:30 часот во Културно-информативниот центар на Македонија во Софија. Книгата излезе од печат оваа 2022 година како издание на издателство „Книги за сите“ од Софија, а преводот на бугарски јазик го направи Деница Проданова.
За литературното дело, во присуство на авторот Александар Прокопиев, пред публиката во КИЦ ќе говорат издавачот Пламен Тотев и познатиот бугарски писател Алек Попов. Делови од книгата ќе чита режисерот и актер Ѓорги Георгиев – Антика.
Со овој литературен настан КИЦ на РСМ во Софија симболично го одбележува Денот на независноста на македонската држава – 8 Септември.
Повеќе за делото прочитајте на следниот линк.