Во Салон 19.19 при Културно-информативниот центар во Скопје вечерва во 19.19 часот ќе се одржи промоција на Aнтологијата на македонската слем поезија, издание на „Театарска работилница – Прилеп“. Уредничка на антологијата е Елена Пренџова.

Во книгата се поместени слем-песни од десет слемер(к)и кои од самите почетоци на слемот во Македонија најактивно и континуирано настапувале на слем-настаните што ги организирале „Театарска работилница – Прилеп“ и Поетри слем Македонија, а достигнале и уважени признанија и го промовирале македонскиот слем во странство: Цветанка Колева, Перо Сарџоски, Марија Грубор, Лиле Јовановска, Исток Улчар, Игор Трпчески, Горазд Кени Китановски, Афродита Николова, Аница Блажевска и Елена Пренџова.

Промоцијата е замислена како пријателски слем-натпревар во формат на натпреварите на националните избори што секоја година се одржуваат во Прилеп на од 10 до 12 октомври (датумот се поклопува со Денот на востанието на Македонија, кој посебно се прославува во Прилеп). Ќе настапат слемер(к)и застапени во антологијата. Настанот е со влезници, а влезница ќе претставува секоја купена книга – издание на „Театарска работилница – Прилеп“, вклучително и слем-антологијата и слем-зборниците од националните избори. Парите собрани од продажбата ќе бидат искористени за поддршка на слем-сцената во Македонија.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.