Промоција на албумот Romann од Филип Динев во „Аудиокултура“

Џез музичарот Филип Динев ќе го промовира својот нов албум Romann вечерва во 19.30 часот во „Аудиокултура“ во Скопје. Тој ќе настапи заедно со Мартин Ѓаконовски и Виктор Филиповски. Музичкото искуство на Динев бележи бројни музицирања со македонски џез музичари, но и со своето интернационално трио со кое настапува ширум светот.

Во оваа прилика, неговиот личен, слободен, креативен и импровизирачки израз ќе биде доловен преку изведба на композиции чија звучна репродукција ќе се реализира преку High End аудио системите од Тeoharov Audio.

За посета на настанот задолжителна е навремена резервација.

Сподели