Промоција на „Ајде да играме шах“ од Орце Данчевски – илустрирана книга за шах

Во салата на ПСУ „Јахја Кемал“ од Скопје, вечерва во 19 часот ќе се одржи промоцијата на првата илустрирана книга за шах со наслов „Ајде да играме шах“ од авторот Орце Данчевски. Промотор на книгата ќе биде реномираниот вокал, љубител на шахот и долгогодишен професор кој работи со талентирани деца во музиката – Андријана Јаневска.

Промоцијата ќе биде збогатена со продажна изложба на илустрациите нацртани и наменети за книгата од академските сликари и професори Игор и Викторија Егорови, а свој настап ќе има и глумската секција од училиштето чии членови ќе прочитаат стихови од книгата.

Книгата е спој на елементи од сликовница и енциклопедија, со што децата лесно ќе ја засакаат шаховската играта. Исто така во септември стартува шахот како изборен предмет кај нашите првачиња и вторачиња, па затоа преку оваа книга ќе им се даде поддршка на децата што побрзо да ја засакаат играта, а родителите да ги разберат придобивките од оваа игра. Воедно наставниците ќе имаат одлично помошно средство во наставата.

– Сакавме да биде забавна и за децата кои не знаат да читаат, па се разбира и за нивните баби, дедовци, родители и повозрасни браќа и сестри – велат од училиштето.

Сподели