Во рамките на манифестацијата Скопско лето, во Сули ан во Старата скопска чаршија денеска во 12 часот ќе се одржи промоција на книгите „Огне“ и „Време за желби“ од Виолета Наумовска. Промотори на книгите се проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, Братислав Димитров и Горјан Петрески.
Во Музејот на македонската борба вечерва во 20.30 часот концерт ќе одржи пијанистот Симо Шишевиќ (Црна Гора/Велика Британија). Тој ќе изведе дела од Брамс, Метнер, Рахманинов, Лист и Мариќ.
Симо Шишевиќ pораснал во Бар, Црна Гора каде што почнал да свири пијано на свои шест години. Неодамна дипломирал на BMus (Hons) програмата на Кралскиот kолеџ за музика во Лондон со pрва класа почести, прво со познатиот пијанист Гордон Фергус-Томпсон и неодамна со познатиот британски професор Џон Брн.
Студирал чембало две години во Кралскиот колеџ за музика под признатата чембалистка Џејн Чепмен и фортепијано со Џефри Говиер. Досега Шишевиќ имал многу ангажмани, концерти, рецитали, фестивали. Има освоено многу национални и меѓународни натпревари и присуствувал на мастеркласи со истакнати пијанисти и професори по пијано. Тој исто така е композитор и студира диригирање. Репертоарот на Шишевиќ се движи од раниот барок до современа музика.
Концертот е во соработка со Амбасадата на Црна Гора во Македонија.