Професори по археологија ќе предаваат за недвижното наследство на Скопје

„Промоција на недвижното културно наследство на Град Скопје од праисторија до среден век“ е насловот на семинарот кој утрово во 10 часот ќе се одржи во амфитеатар бр. 4 на Филозофскиот факултет во Скопје. Проф. д-р Драги Митревски ќе зборува на тема „Скопскиот регион во праисторијата“, проф. д-р Марјан Јованов за „Раната антика во Скопско“. Темата на проф. д-р Антонио Јакимовски е насловена „Скупи, почетокот на цивилизираното живеење во Скопје“, проф. д-р Виктор Лилчич Адамс ќе зборува за „Кале Брњарци во контекст на одбраната на Скопско во антиката“, а проф. д-р Ирена Теодора Васевска ќе предава на тема „Oblivioni traditae: Црквите во средновековно Скопје“.

Семинарот го организира студентското археолошко здружение „Аксиос-Скопје“ со поддршка од Град Скопје. Присуството ќе биде организирано според протоколите за заштита од ковид-19.

Насловна фотографија: Тумба Маџари

Сподели