Проекција на „Улиште“ на Блерта Башоли вечерва во Кинотеката

„Улиште“, косовскиот кандидат за „Оскар“ кој влезе во 15-те странски филмови во потесна конкуренција, ќе биде прикажан вечерва во 18 часот во Кинотеката. Ова е шеста и последна проекција на дебитантскиот игран филм на режисерката Блерта Башоли, во кој и Македонија е копродуцент.

Приказната на „Улиште“ е инспирирана од вистински настан во поствоено Косово: во масакрот на стотина Албанци во селото Велика Круша е исчезнат и сопругот на Фахрије (ја игра одличната Јилка Гаши). Фахрије нема друга можност освен на секаков начин да обезбеди егзистенција за нејзините две деца и стариот и немоќен свекор, притоа борејќи се и со предрасудите на патријархалната средина.

„Улиште“, по сценарио на Башоли, е трикратен добитник на награда на 38. филмски фестивал „Санденс“ во САД. Освен Косово и Македонија, во филмот учествуваат и продукции од Чешка, Луксембург и Албанија.

Улогите ги толкуваат: Јилка Гаши, Чун Лајчи, Аурита Агуши, Кумрије Хоџа, Адриана Матоши.

Сподели