Загревање пред „МакеДокс“: Проекција на „Рене“ на Хелена Тшештикова во МСУ

Со специјална проекција на филмот „Рене“ на режисерката Хелена Тшештикова, вечерва во 21 часот, во Музејот на современата уметност почнува загревањето за 13. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Претходно од 18 часот закажно е „размрдување“ со Нино Flooder.

Тшештикова е почесен гостин на фестивалот, во рамките на програмата Земја во фокус. Годинава тоа е Чешка. Тшештикова го следи животот на Рене уште од 17-годишна возраст. Камерата го следела неговото безнадежно патување помеѓу затворот и надворешниот свет. Во 2008 година филмот завршува, оставајќи го Рене како болен 37-годишник кој е автор на две издадени книги и кој сè уште има проблеми со законот. Режисерката Хелена Тшештикова го документира личниот развој на Рене наспроти значајните политички промени што се случуваат во Централна Европа.

Сподели