Во Музејот на современата уметност вечерва во 20 ќе биде прикажан филмот „Маија Исола“ во режија на Лена Килпелаинен. Филмот, финско-германска копродукција трае 97 минути и се прикажува во рамките на летното кино на МСУ.

– Животната филозофија на Маримеко произлезе од дизајните на ткаенината на Маија Исола, достигнувајќи архитектонски височини заедно со големите принтови на Маија. Денес, дизајните на ткаенината на Маија Исола го освоија целиот свет. Но, која беше Маија Исола? Кои беа вредностите во центарот на животот на оваа скитница и какво наследство ни остави? – се вели во најавата за филмот.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.