Проекција на концерт на Амира Медуњанин во Кинотека

На летната сцена во Кинотека на Македонија вечерва во 20.30 часот ќе се одржи проекција на концертот на Амира Медуњанин одржан во пулската „Арена“ на 3 август 2018 година. Проекцијата е во рамките на соработката на Кинотеката со Croatia Records и прикажување на концерти од нивната Blu Ray програма.

Амира Медуњанин настапува со Бошко Јовиќ (гитара), Анте Гело (гитара), Бојан Зулфикарпашиќ (клавир) и Звонимир Шестак (контрабас), како и гостите, меѓу кои и македонскиот музичар Исмаил Лумановски (кларинет) и Никола Стајиќ (електрична гитара).

Концертот трае 2 часа, а изведени се прочуените севдалинки: „Емина“, „Где си душо, где си рано“”, „Што те нема“, „Ја излези, Ѓурѓо“, „Ој ти момче, Охриѓанче“, „Си заљубив едно моме“ и други.

Ако врне, концертот ќе се одржи во Кинотеката.