Проекција на јапонски филмови во Битола

Битолската публика ќе може да проследи два филма во рамките на ревијата „Недела на јапонски филмови“. Проекциите ќе се одржат во киното „Браќа Манаки“ во 19 часот. Вечерва ќе биде прикажан „Под отворено небо“, а утревечер – филмот „Бурманска харфа“.

„Недела на јапонски филмови“ се организира во соработка со Амбасадата на Јапонија во земјава. Влезот е слободен.

Сподели