Проекција на документарецот „Беласица“ и трибина за ментално здравје

Во КСП Центар-Јадро во Скопје, вечерва во 20 часот ќе се одржи проекција на филм и трибина на тема „Процеси, терапевтски практики и грижа во и вон институциите за ментално здравје“. Ќе биде прикажан документарниот филм „Беласица“ (2023) на режисерката Марија Апчевска. На трибината ќе учествуваат: Ѓорѓе Хаџи-Анѓелковски, психијатар кој промовира нови решенија за третман на менталните растројства и промотор на процесите за деинстуционализација, Анче Каевска – професор, гешталт терапевт и долгогодишен реализатор на гешталт работилници и Јасмина Лукановска, специјален едукатор и рехабилитатор, арт окупационен терапевт со долгогодишно искуство во работа со деца со попреченост.

Филмот „Беласица“ го следи и го доловува богатото секојдневие на живеењето во заедница, за луѓето кои го поминале најголемиот дел од својот живот во институции.

Овој проект се реализира од месец јануари до мај во рамки на програмата „Артс Хаб“, на КСП Центар- Јадро, а се остварува со финансика поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Сподели