Проекција на оскаровецот „20 дена во Мариупол“ во МСУ

Во Музејот на современата уметност во Скопје вечерва во 21 часот ќе се одржи проекција на документарецот „20 дена во Мариупол“, годинашен добитник на „Оскар“ за документарен филм. Проекцијата е дел од изложбата „Украина: Воено злосторство“, која е поставена во „Мала станица“.

– Овој моќен филм ја продолжува нашата посветеност за прикажување на суровата вистина со која се соочуваат луѓето погодени од војната. Документарецот ја следи храброста на украинските новинари заробени во градот под опсада, документирајќи ги злосторствата на руската инвазија. Овој документарец е сведоштво за издржливоста на човечкиот дух и неуморната потрага по вистината – велат организаторите.

Проекцијата е поддржана од Фондациите Отворено општество – Западен Балкан.

Сподели