Признание и парична награда од Град Скопје за ученикот Сердар Цветков од „Михајло Пупин“

Признание и парична награда од Град Скопје доби Сердар Цветков, ученик од средното училиште „Михајло Пупин“. Тој го освои првото место во Европа и петтото место во светот на глобалниот MOS натпревар кој традиционално секоја година се одржува во Калифорнија, САД.

Признанието му го врачи градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.  Во конкуренција од над 130 натпреварувачи од повеќе од 80 земји на најголемиот глобален натпревар за дигитална писменост, нашите млади таленти покажаа дека Македонија има со што да се гордее. Учеството на македонскиот тим беше овозможено благодарение на Семос едукација, со поддршка од Град Скопје и ЦертАдриа.

– Горди сме што имавме можност да ги поддржиме нашите млади таленти на нивниот пат и активностите со кои обезбедија одлични резултати и светски успеси- велат од Град Скопје.

Сподели