Претставите на Драмски театар Скопје ќе се играат само на малата сцена на театарот додека не се заврши привремената санација на кровот на театарот. Откако минатата недела големата сцена беше поплавена поради поројните дождови, раководстовото на театарот изврши темелна проверка на целокупната документација за санација на кровот, направена во 2018 година.

– По разговорот и консултацијата со тогашниот технички директор, констатирано е дека замената е целокупната кровна површина на теaтарот, освен страничните ѕидови на кулата. Во договорот склучен со фирмата изведувач на санацијата на кровот, стои гарантен рок од 12 месеци. Драмски театар ќе се обиде да изврши привремена санација на местата каде што протекува. Сепак, за подолготрајно решение потребен е поголем градежен зафат со целосна реконструкција, за што се потребни поголеми финансиски средства – велат од театарот.

Додека не се заврши привремената санација, во театарот ќе продолжат пробите за тековните проекти.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.