„Цело е кога се има 30“ е насловот на манифестацијата која од денеска до 5 септември ќе се одржува во Прилеп и во Крушево по рамките на одбележувањето на 30 години независност на Македонија. Тематски е осмислена како серија настани кои ќе го претстават континуитетот и трајноста на современа македонска уметност, литература и култура.

– Модерниот и креативен пристап во осмислувањето на активностите ја допираат не само промоцијата, туку и реактуализација (нови естетски доживувања) на поезијата, музиката, танцот и театарот создавани од 1945 година до денес – вели Звонко Димоски, проект-менаџер на манифестацијата.

Во прграмата се ангажирани креативни лица од Пелагонискиот Регион. Настаните ќе се одржат во Прилеп, на сцените на Домот за култура Марко Цепенков, Народниот театар „Војдан Чернодрински“, кафулето „Брос Бургер“ и пред Саат-кулата, како и во Крушево, односно платото пред споменикот Македониум.

Повеќе за програмата ТУКА.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.