Пријавете се за 10. фестивал „Џифони Македонија“

Десетото издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ ќе се одржи од 5 до 10 октомври во Скопје. Шест дена исполнети со филмови, уметност, креативност, музика, дружба и радост за над 600 ученици од основните и средните училишта, бројни гости, соработници и пријатели од цела Европа.

Фестивалот го отвори својот повик за учество на кој може да се пријават ученици од шесто одделение до четврта година средно. Учесниците ќе бидат поделени во три категории: јуниори (од 6. до 9. одделение), кадети (1. и 2. година средно училиште) и сениори (3. и 4. година). Пријавете се побргу, местата се ограничени.

По две години пауза, во меѓународното жири повторно ќе се вклучат над триесет млади учесници од неколку европски земји, а предвидени се и гостувања на реномирани домашни и странски уметници и многу интересни изненадувања.
Учеството на фестивалот е бесплатно. Повикот за пријавување за учество на Фестивалот е достапен на линкот.

Сподели