Пријавете го вашиот краток филм на Фестивалот „Филмај“ во Куманово

Фестивалот на краток филм „Филмај“ од Куманово ги поканува филмските автори да аплицираат со своите филмови за претстојното петто издание на фестивалот, што ќе се одржи во мај. Конкурсот е отворен до 31 март, преку платформите Festhome и FilmFreeway. Организатор на фестивалот е фото-кино клуб „Козјак” од Куманово. Досега се пристигнати стотина наслови, од кои дузина се на македонски автори. Филмовите ќе ги оценува жирито во состав: Симона Димковска, Борна Зидариќ и Мартин Давитковски.

Резултатите ќе бидат објавени при крај на април, а самиот фестивал ќе се одржи во две вечери (30 и 31 мај 2023), во Занаетчиски дом – Куманово.

Претходница на фестивалот ќе биде ревијална вечер на 11 мај, во рок-бар “Валхала” во Куманово, каде ќе биде прикажан избор од кратки филмови од првите четири изданија на фестивалот.

Фото-кино клуб „Козјак” годинава одбележува 75 години постоење.

Сподели