Презентација на работилницата „Забавата е моја“ на кореографките Меган О’Шиа и Искра Шукарова

Проектот „Забавата е моја“ на канадската уметница Меган О’Шиа во соработка со македонската танчарка, кореограф и професор по современа танцова педагогија Искра Шукарова ќе биде презентиран вечерва во 19 часот во КСП „Центар-Јадро“ во Скопје. Настанот е завршна презентација на креативната работилница под водство на О’Шиа во соработка со Шукарова и во партнерство со Центарот. Во рамките на својот истоимен долгорочен проект, канадската уметница од 13 до 18 септември гостува во Скопје, каде реализира петдневен процес на креативни работилници со жени (40+) од заедницата. „Забавата е моја“ ја истражува тагата, промената, животна цел и успехот за жените над 40 години во различни култури и контексти.

Во рамки на работилниците групата учеснички од Скопје, низ креативен процес, работеше и ги истражуваше овие теми. Вечерва ќе биде прикажана видеопрезентација на учесничките од претходните места во кои е реализиран проектот и кратиот филм снимен од О’Шиа од истото истражување.

Сподели