Романот „Равенка на стравот“ од Верица Мукоска ќе биде промовиран денеска во 13 часот на Саемот на книга во Скопје. Промотор на романот е Стефан Марковски, а потпишувањето ќе биде на штандот на издавачката куќа „Бата Прес“.
Гледајќи низ призмата на авторската еволуција во овој роман и досегашното творештво на авторката, полека и прогресивно се кристализираат двете приказни чие дејство е стационирано во Сиена и Љубаништа, надоврзани како голема и мала премиса, како што пишува за романот Марковски.
„Равенка на стравот“ е храбро соочување на индивидуата со потиснатите морални дилеми и стравови во себе; талкање низ мисловниот лавиринт на личноста во обид да се победи самотијата и да се оствари личната слобода и среќа, вели Трајче Стамески.
Верица Мукоска (1999, Вевчани) дипломирала на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Го објавила романот „Дневникот на длабоките тајни“ (2017) и стихозбирката „Стихови од срцето на природата“ (2009). Присутна е со есеи и прилози во книжевната периодика.





