Претстави од Србија и од Хрватска за последниот ден на „Битолино“

Претставата „Под половина капка вода“ во групна режија и продукција на Station for new service од Србија, ќе биде изведена вечерва во 19.30 часот на големата сцена на Центарот за култура во Битола. Претставата е во рамките на Фестивалот на детскиот театар „Битолино“, што ќе заврши вечерва.

Од 20.30 часот ќе следува настапот на театарската организација „Лофт“ од Загреб со претставата „Лила“, наменета за публика над 3 години.

Во изминатите неколку дена децата можеа да уживаат во остварувањата на театри од повеќе земји, да сретнат различни култури.

Организатор на фестивалот е „Бабец театар“, чии претставници уште на отворањето гласно и со транспаренти посочија дека редно е да добијат и свои простории, своја сцена.

Членови на жирито што ќе ги подели наградите се: Благој Мицевски, Миодраг Неќак и Игор Ивковиќ.

Сподели