Во Амфитеатарот зад Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје, вечерва во 20 часот ќе биде изведена детската претстава „Штурците и мравките“ во режија на Роберт Ристов, во продукција на „Театар Провокација“. Претставата е мјузикл за најмалата публика и е работена по мотиви од басната „Штурецот и мравката“.
Играат: Мирјана Поповска Ристов, Радо Алексовски и Роберт Ристов.
Билетите по цена од 300 денари се во продажба на karti.com.mk, а ќе се продаваат и пред почетокот на настанот на самата локација.





